Биди промената што сакаш да ја видиш

„Лидер е оној кој го знае патот, го оди патот и го покажува патот на другите.“

razvoj na liderski vestini

Цел на програмата

Оваа програма ќе стави акцент на најважните секвенци во работењето и однесувањето на човекот кој води, кој влијае, кој соработува и остварува визија во една организација.

Опфатени се теми за важноста на лидерот во улога на агент за промени, сфаќање на улогата на влијанието кое не опфаќа манипулација, потребата од развивање на вистински вредности, нивна доследност и интегритет, како основа за градење на доверба, која е најстабилна валута во деловниот живот и која е столбот на моќта и постигнување авторитет.

Програмата опфаќа вежби и студии на случај слични на секојдневни ситуации од вашата околина, безбедна средина за излегување од зоната на удобност, развој на лидерски вештини и учење преку работа со примена на конкретни задачи од работното место.

Програмата ќе се реализира преку индивидуален пристап со исклучителна можност за напредок, како и состаноци со обучувачот со цел полесно решавање на секојдневните предизвици.

Главната цел на програмата „Развој на лидерски вештини“ е учесниците да научат да СТАНАТ И ОСТАНАТ ЛИДЕРИ кои го допираат срцето на вработените.

Нашиот тим

Виолета Георгиевска

Психотерапевт, организациски психолог, обучувач
Види повеќе

Зорица С. Арсовкса

Психотерапевт, сертифициран тренер за емоционална интелигенција Види повеќе

Соња Ристовска

М-р по менаџмент, психолог, обучувач Види повеќе

Модули

  • Модул 1 Менаџмент и лидерство - Разлики, карактеристики и стилови

    Во овој модул студентите ќе се здобијат со знаења кои се разликите помеѓу менаџер и лидер, во кои ситуации е потребно да се однесуваат во едната или другата улога, кои се стиловите на лидерство, што е свесно лидерство и ќе направи план за развој на лидерските вештини.

  • Во овој модул студентите ќе научат да се справуваат со промените кои доаѓаат во текот на работата, ќе го разберат влијанито на промените врз целата организација, ќе научат која е улогата на агентот на промени и дали се лидери или менаџери во текот на промената.

  • Овој модул е поделен на лични компетенции или владеење со себе, што вклучува самосвест, самосовладување, мотивираност, инцијатива и оптимизам, како и социјални компетенции, односно влијанието врз другите, успешно комуницирање и решавање конфликти, како и успешна соработка во тим.

  • Во делот комуникациски вештини студентите ќе се запознаат со термините конгурентност и инконгурентност, ќе ги совладаат комуникациските вештини низ концептите на трансакциска анализа и ќе се оспособат за користење на асертивна комуникација и избегнување манипулација.

  • Во овој модул студентите ќе се запознаат со улогата на лидерот при решавање на конфликит, како да се справат со вработени со различно однесување, како да избегнуваат емоционални замки, ќе научат да користат техники за себеменаџирање во кризен менаџмент и ќе научат да водат во процесот на преговарање.

  • Во овој модул студентите ќе научат како да воведат нов вработен во тимот, како да менторираат вработени, како да направат успешен план за развој на вработените, како да изградат успешни врски и како да создадат успешен тим.

  • Студентите ќе научат да прават разлика помеѓу позитивен и токсичен стрес, да го проценат сопственото ниво на стрес, ќе научат чекори за совладување на стресот, ќе научат методи за постигнување баланс помеѓу работата и приватниот живот, ќе научат да применуваат техники за намалување на негативните мисли и да избегнуваат ментални стапици.

  • Во овој модул студентите ќе проценат и испланираат начин како времето да стане нивен сојузник во остварување на целите, како да применуваат дисциплина во спроведување на плановите, како да постават граници и да кажат „не“, како да се справат со „крадците на време“ и ќе научат како успешно да делегираат одговорности.

  • Лидерите мора да имаат успешен и влијателен настап во работната средина, но и на одредени јавни настани. Овој модул ќе ги научи студентите како да говорат впечатливо, да имаат правилно држење на телото, како да ја ангажираат публиката и да направат интересна презентација.

  • Во овој модул студентите ќе научат кои се клучните улоги и способности на извршниот лидер, како да постават визија и мисија на организација, како да постават SMART цели, како да постават организациска стратегија, SWOT и TOWS анализа и Balanced Scorecard.

razvoj na liderski vestini

Што нуди програмата?

Програмата нуди можности за стекнување на техники и тактики за успешно водење на вработените, тимски пристап и вклучување на вработени со различни видови на однесување.

Застапени се содржини кои прават јасна разлика меѓу улогата на лидерот и менаџерот и постигнување организациски сензибилитет која од овие улоги е попотребна во даден момент. Зошто се важни двете функции и како ќе проценат која од нив ја поседуваат во поизразена форма, како и да се оценат самите на матриците на лидерството.

Учесниците ќе научат да применуваат вештини на современо лидерство, да препознаваат и избегнуваат псеудолидерство. Преку личен пример ќе поттикнуваат етички норми во работната средина и ќе ја воздигнат улогата и способноста на лидерот во преговарачкиот процес.

Резервирајте го вашето место

Пополнете кратка пријава и нашите агенти ќе ве контактираат во рок од 24 часа

Често поставувани прашања

  • За кого е наменета академијата?

    Академијата е наменета за сите менаџери, луѓе кои што водат тимови, сопственици на компании, студенти од поврзани дејности со менаџмент, индивидуи кои сакаат да се надоградуваат и се стремат кон лидерска позиција.

  • Предзнаење не е потребно, меѓутоа кандидатите мора да поседуваат одредени особини за да бидат примени на академијата. Заради тоа постои влезно интервју.

  • Да, академијата е акредитирана од ЦОВ и МОН.

  • По завршување студентите се стекнуваат со сертификат за завршена академија и се здобиваат со назив „Организациски лидер“.

  • Плаќањето ќе се врши на трансакциска сметка, по претходно потпишан договор. Истото може да биде и во готово или до 12 месечни рати без камата.

  • Академијата ќе се реализира со физичко присуство заради обемната практична работа и природата на програмата.